Иранскиот парламент одобри договор за стратешко партнерство со Русија

21.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иранскиот парламент одобри договор за стратешко партнерство со Русија

Договорот, кој на 17 јануари го потпишаа рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, предвидува продлабочување на билатералните односи, вклучително и поблиска соработка во одбраната.

Иако не содржи клаузула за меѓусебна одбрана, во документот се наведува дека двете земји ќе соработуваат во одговорот на заедничките воени закани, ќе развиваат воено-техничка соработка и ќе учествуваат во заеднички воени вежби. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата