Украинската армија, откако рускиот претседател Владимир Путин одби примирје, од вечерта на 20 мај до утрово непрекинато ја напаѓаше Русија со беспилотни летала. Тоа е најдолг и најинтензивен украински напад со дронови врз Русија.
- Од 20 часот по московско време на 20 мај до осум часот наутро на 22 мај соборени се 485 дронови, од осум до 20 часот на 22 мај соборени сè уште 159, а од 20 часот на 22 мај до седум часот наутро на 23 мај соборени се дополнителни 112 беспилотни летала, се наведува во соопштението на руското МО.
Украинската армија нападна 15 руски региони и окупираниот Крим.
Најголем број дронови се соборени над Орелска област (197), Курска област (185) и Московската област (109).
Поради нападите привремено е суспендиран воздушниот сообраќај на аеродромите во Владимирска, Калушка, Кострома, Тамбовска, Јарославска, Ивановска и Самарска област и во Нижни Новгород, како и на московските аеродроми Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски. Стотици летови беа одложени, а голем број патници за полетување чекаа и цел ден.
Поради нападите беше ограничен пристапот до интернет во шест региони, Тула, Липецка, Воронеж, Владимир, Орел и Иваново.