Индонезиската полиција пронашла седум рачно изработени бомби на местото на експлозијата во џамија во Џакарта

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Индонезиската полиција пронашла седум рачно изработени бомби на местото на експлозијата во џамија во Џакарта

Пронајдени се вкупно седум направи, од кои четири биле активирани. Надлежните органи додадоа дека осомничениот за нападот дејствувал сам и не бил дел од „терористичка мрежа“.

Деведесет и шест лица беа повредени во експлозиите за време на петочните молитви. Тројца од нив се во тешка состојба, изјави шефот на полицијата во Џакарта, Асеп Еди Сухери, пред новинарите. Бомбите биле активирани на далечина.

Еди не го кажа името на осомничениот, но го нарече „дете, исправено пред законот“. Минатата недела полицијата објави дека осомничениот е 17-годишен ученик. Во исто време, се спроведува истрага фокусирана на минатото и мотивите на момчето.

Полицијата на местото на настанот пронашла и играчка-пиштол со натписи, кој беше прикажан за време на денешниот брифинг. Шефот на полицијата во Џакарта го опиша обвинетиот ученик како „повлечен“ и „недружељубив“. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата