Илјадници на плоштадот во Ватикан го очекуваат првиот чад од Сикстинската капела (Во живо)

7.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Илјадници на плоштадот во Ватикан го очекуваат првиот чад од Сикстинската капела (Во живо)

На плоштадот „Свети Петар“ во овој момент се собираат верници, туристи, љубопитни луѓе и новинари од целиот свет, сите чекајќи го првиот чад од оџакот на Систинската капела, објави Скај Њуз.

Група италијански работници за цивилна заштита љубопитно го замолуваат новинарот да зумира кон оџакот од кој наскоро ќе се појави бел или црн чад, во зависност од тоа дали новиот папа ќе биде избран или не.

„Знаеме дека денес нема да биде избран нов папа. Со нетрпение го очекуваме, но свесни сме дека тоа сè уште нема да се случи“, рече еден од нив. Друг веднаш додаде дека навива за италијанскиот кардинал Пјетро Паролин.

„Би сакал да биде Паролин. Тој беше многу добар кардинал“, изјави тој. „Ја претпочитам Омела, оној од вашата земја“, возвраќа третиот, мислејќи на шпанскиот кардинал Хуан Хозе Омела.

„Но, засега, мора да почекаме“, заклучуваат собраните верници.

Пред да ги предадат своите телефони, некои од кардиналите кои сега се затворени од надворешниот свет додека не одлучат за новиот папа, ја искористија последната можност да објават на социјалните медиуми.

Фернандо Чомали Гариб, надбискупот на Сантијаго де Чиле, објави видео на X како пере кошула со пораката: „Денес влегувам во конклавата без мобилен телефон. Можете да гласате кој ќе биде папа само пред Бога. Одговорност што ме преоптоварува.“

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата