-Никој во владата, а најмалку јас, не прогласи вонредна состојба. Но, ние ќе ги зајакнеме граничните контроли како што направивме во контекст на фудбалските натпревари минатата година, секогаш во согласност со европското право, и ги информиравме нашите соседи и партнери за ова, рече Мерц.
На Денот на Европа, Мерц денеска е во посета на Брисел на средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.