ИДФ ги предупреди Иранците до вечерва да не патуваат со воз

7.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИДФ ги предупреди Иранците до вечерва да не патуваат со воз

„Драги граѓани, за ваша безбедност, ве молиме воздржете се од патување со воз низ Иран од сега до 21 часот по иранско време. Вашето присуство во возовите и во близина на железничките пруги ги става вашите животи во опасност“, изјави портпаролот на ИДФ, потполковник Камал Пенхаси, според „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац вчера изјави дека на ИДФ им е наредено да „продолжат со полна сила да ја напаѓаат националната инфраструктура на иранскиот терористички режим“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата