Уапсена поранешната претседателка на Парламентот на Бангладеш поради случувањата за време на немирите во 2024

7.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсена поранешната претседателка на Парламентот на Бангладеш поради случувањата за време на немирите во 2024

Чаудури (59) била уапсена во куќа на нејзини роднини во населбата Данмонди во главниот град Дака. По приведувањето таа е предадена на истражните служби кои и одредија мерка притвор.

Таа беше првата жена на функцијата претседател на Парламентот на Бангладеш, избрана во април 2013 година. Функцијата ја извршуваше должноста до септември 2024 година.

Оставка даде на функцијата еден месец откако по насилни протести на 5 август 2024 година беше соборена од власт партијата „Авами лига“ на Шеик Хасина.

Полицијата соопшти дека ги разгледува поднесените предмети против Чаудхури и дека таа ќе биде изведена пред суд по конкретни обвиненија.

Таа се товари за повеќе случаи поврзани со насилствата за време на немирите, вклучително и смртта на златар во северниот регион Рангпур.

Во меѓувреме, Специјалниот суд во Дака покрена обвиненија против поранешната премиерка Шеик хасина која се наоѓа во егзил во Индија. Нејзе и беше судено во отсутво и во ноември минатата година е осудена на смрт поради бруталното задушување на немирите против власта.

Според проценките на Обединетите нации, во насилствата во Бангладеш  во 2024 година животот го загубиле околу 1.400 лица. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата