Гутереш: Ќе побарам од ОН да ги финансираат трошоците за меѓународните сили на Хаити

20.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гутереш: Ќе побарам од ОН да ги финансираат трошоците за меѓународните сили на Хаити

- Доколку Советот за безбедност го прифати овој предлог, ќе имаме услови конечно да имаме ефективна сила за да ги победиме бандите на Хаити и да создадеме услови за напредок на демократијата, рече Гутереш во Барбадос, каде што лидерите на 15-члениот карипски трговски блок Кариком се собраа на тридневна конференција за регионални прашања, вклучително и насилството на бандите на Хаити.

Тој додаде дека платите за мултинационалните сили ќе се исплаќаат преку постоечки фонд. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата