Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД

6.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД

Генерал-мајор Кристијан Фројдинг изјави дека лани, европските членки на НАТО и Канада заедно обезбедиле повеќе воена помош за Киев отколку САД. Тие учествувале со околу 60 проценти во вкупните трошоци на западните сојузници на Украина, рече тој.

„Војната против Украина беснее на нашиот континент, таа се води и против европскиот безбедносен поредок. Ако постои политичка волја, тогаш ќе има средства во голема мера да се компензира американската поддршка“, рече Фројдинг.

На прашањето колку долго ќе траат испораките одобрени од Бајден за Киев, Фројдинг рече дека тоа зависи од логистичките процеси, како и од брзината со која Украина го потроши оружјето и муницијата, но летото изгледаше како реална прогноза.

„Како владата на САД ќе пристапи кон понатамошните барања за воена поддршка за Украина сè уште не е јасно. Не можеме ништо да кажеме за ова прашање“, додаде тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата