Истрагата покажала дека палети со плодови што содржат масло биле доставувани до продавница за зеленчук во Ландсберг, што можеби криеле дрога. Полицијата вчера запленила повеќе од 20 сомнителни палети, соопштија денеска полицијата и обвинителите во заедничка изјава.
Досега форензички биле прегледани четири од палетите и било утврдено дека содржат приближно 300 килограми Каптагон во форма на околу 1,7 милиони таблети, со улична вредност од повеќе од 20 милиони евра (22 милиони долари).
- Ова веројатно е една од најголемите поединечни заплени на оваа супстанца во Германија, соопштија полицијата и обвинителите.
Се спроведуваат истраги против осомничените кои во моментов не се во Германија, пренесе ДПА.