Германија за помалку од две години извезла оружје во Израел во вредност од 485 милиони евра

3.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија за помалку од две години извезла оружје во Израел во вредност од 485 милиони евра

Германија од 7 октомври 2023 до 13 мај 2025 година извезла оружје и воена опрема во Израел. Сè уште не е познато дали новата Влада, која стапи на должност на 6 мај, исто така дала одобрение за извоз на оружје.

Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул во неодамнешното интервју за „Зидојче Цајтунг“ изрази сомнеж за идната испорака на оружје, бидејќи Владата разгледува дали акциите на Израел во Појасот Газа се во согласност со меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека идните извози на оружје ќе зависат од исходот на дебатата.

Никарагва поднесе жалба до Меѓународниот суд на правдата во Хаг, обвинувајќи ја Германија за соучество во геноцид поради нејзините испораки на оружје. Во април 2024 година, Судот го отфрли барањето на Никарагва за стопирање на испораките, но не ја отфрли целосно тужбата.

Пратеник од Левичарската партија, Улрих Тоден побара од Владата податоци за испораките на оружје, повика на итно запирање на целиот извоз на оружје во Израел и предупреди дека ако продолжи Германија ќе го прекрши договорот за снабдување со оружје. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата