Најголемата новина е тоа што граѓаните повеќе немаат обврска да користат гробишта ниту дрвен ковчег за погреб. Со тоа оваа покраина станува најлиберална во Германија кога станува збор за простување и начинот на погребување.
Што носат новите правила?
-Погреб во ткаенина наместо ковчег
-Чување на урната во семејниот дом, па дури и во дневната соба
-Расфрлање на пепелта во реки како Рајна или Мозел
Важно е да се напомене дека ваквите можности се применуваат само ако починатиот за време на животот оставил писмена изјава за обликот на погреб (т.н. Totenfürsorgeverfügung). Во спротивно, важат класичните правила и погребот мора да се изврши на гробишта.
„Слобода на избор“
Покраинскиот министер за здравство Клеменс Хох (SPD) порача дека законот ги следи промените во општеството:
– Законот никого не ограничува. Традиционалните погреби остануваат и понатаму стандард.
Критики и загриженост
Опозицискиот CDU тврди дека со ова „културата на погребување всушност се закопува“ и предупредува дека сиромашните повеќе нема да имаат место за трајно сеќавање. Католичката и протестантската црква изразија загриженост поради „приватизацијата на жалоста“, нагласувајќи дека урни во дневни соби и накит од пепел не се достојни за смртта.
Само за жители на покраината
За да се спречи т.н. „погребен туризам“, право на овие нови форми имаат исклучиво оние кои во моментот на смртта имале живеалиште во Фалачка-Порајње.
Новиот закон така ги отвора вратите за поперсонализирани и алтернативни облици на простување, но и расправа за границата меѓу слободата на избор, традицијата и јавниот простор во кој се негува сеќавањето на починатите, пишува Fenix-magazin.