ФТВ: Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска

18.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФТВ: Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска

Според сателитските снимки се гради гарнизонски згради за артилериска бригада во градот Кандалакша во областа Мурманск, што е прв знак за постојано зголемување на бројот на војници во близина на границата.

Властите во Мурманска област соопштија дека се гради нов воен град и се реновираат стари станбени блокови во населбата, што се наоѓа на околу 150 километри од финската граница.

ФТВ соопшти дека сателитските снимки покажуваат промени и на други руски воени локации во близина на руско-финската граница.

Русија и Финска ги дели граница долга 1.340 километри. 

По нападот на Русија врз Украина, Финска и Шведска се откажаа од воената неутралност и станаа членки на НАТО.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата