Францускиот министер за правда го посети Саркози во затвор

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Францускиот министер за правда го посети Саркози во затвор

Како што претходно најави, Дарманен отишол во затворот Санте за да го посети Саркози, кој од 21 октомври е во притвор во изолација. Според информациите на француската телевизија, посетата се случила вчера во 19 часот и траела 45 минути.

За време на посетата, францускиот министер за правда бил во придружба на директорот на затворот Санте. Потоа разговарал со затворските службеници 45 минути, главно за прашања поврзани со безбедноста на притворот на поранешниот шеф на француската држава.

Францускиот министер за правда, еден ден пред притворањето на Саркози, најави дека ќе оди во затворот Санте за да го посети поранешниот претседател на Франција.

- Како министер за правда, ќе се грижам за неговите безбедносни услови, рече тој за Франс интер.

Дарманен кажа дека министерот за правда може да посети кого било затвор.

- Јас тоа го правам трипати неделно, бидејќи морам да гарантирам правилно функционирање на јавната служба. Ми се случило да одам кај затвореници и тоа не е невообичаено, истакна тој. Оваа изјава наиде на одобрување од дел од политичката сцена, особено од поддржувачите на Саркози, додека други остро ја критикуваа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата