Сите заложници се безбедни, а киднаперот е совладан и однесен во болница, пишува Би-Би-Си.
Полициска операција
Според полициски службеник, повик за помош бил примен во 13:45 часот по локално време, со информации дека во една зграда се одвива заложничка криза. Полицијата прво се обидела да преговара со киднаперот, но на крајот „употребила сила“ за да влезе во зградата и да ги ослободи заложниците.
Рохит Арја починал во болница од сериозни повреди. Според извештаите на медиумите, Индиецот бил застрелан од полицијата за време на 35-минутната операција за спасување.
Police in Mumbai rescue 17 children taken hostage by man https://t.co/n4L4WIBrWx
— BBC News (World) (@BBCWorld) October 30, 2025
Мотивите на киднаперот
Индиските новински канали објавија видео во кое еден маж вели дека ги зел децата како заложници затоа што сака да постави некои прашања на неодредени лица.
Тој изјавил дека има „едноставни барања, морални барања, етички барања и неколку прашања“ и нагласил дека не е терорист и не бара пари. Полицијата соопшти дека врши увид на местото на настанот и дека повеќе информации ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

