Француската влада ги осуди заканите на Иран кон генералниот директор на МААЕ, Гроси

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Француската влада ги осуди заканите на Иран кон генералниот директор на МААЕ, Гроси

Француската влада денеска ги осуди заканите упатени кон генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, и го повтори својот повик до Иран да ја гарантира безбедноста на персоналот на МААЕ во Исламската Република.

Париз, исто така, изрази загриженост „поради какво било доведување во прашање на соработката на Техеран“ со МААЕ и ги повика иранските власти „целосно и веднаш да ги исполнат своите меѓународни обврски“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи, откако иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи во петокот посочи дека Техеран може да го отфрли барањето на шефот на МААЕ да ги посети иранските нуклеарни постројки.

Гроси завчера изјави дека Иран би можел да го обнови збогатувањето на ураниум во рок од неколку месеци, доведувајќи ја во прашање ефикасноста на американските бомбардирања на иранските нуклеарни постројки, кои имаа за цел да ја уништат нуклеарната програма на Техеран. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата