Франција поради пренатрупаност размислува за изнајмување затвори во Источна Европа

1.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франција поради пренатрупаност размислува за изнајмување затвори во Источна Европа

На 1 мај, француските затвори имале вкупно 62.570 места, а пренатрупаноста го надминала нивниот капацитет за една третина, што е највисок досега, а една година претходно, на 1 мај 2024 година, капацитетот бил надминат за една четвртина.

Во Франција за една година бројот на затвореници е зголемен за 6.000 лица, а 25.000 за пет години. Поради пренатрупаноста на затворите 5.234 затвореници спијат на под.

Бројот на осуденици во 23 француски затвори на 1 мај бил поголем за 200 отсто од нивниот предвиден капацитет.

Неодамна францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се разгледува можноста за изнајмување на затворски места во други држави, посебно во Источна Европа./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата