Во Русија денеска се одбележув 80-годишнината од Денот на победата над фашизмот, а централната церемонија се одржува на Црвениот плоштад во Москва со присуство, кинескиот лидер Си Џинпинг, бројни светски претставници меѓу кои е и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Словачка, Фицо...
Според традицијата, воената парада по повод Денот на победата во Големата патриотска војна ќе започне во 10:00 часот по московско време.
На крајот од парадата, предвидено е лидерите традиционално заедно да положат венци на гробот на непознатиот херој во Александровска Башта.
Потоа во Кремљ ќе започне официјалниот прием за шефови на странски држави и почесни гости во име на претседателот на Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи говор на „најголемата досега“ воена парада во Москва по повод Денот на победата, по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.