- Ако не сме во состојба храбро, решително и промислено да се соочиме со предизвиците кои ѝ се закануваат на нашата иднина, ризикуваме да го изгубиме непроценливото наследство на нашите вредности и права кои го претставуваат темелот на нашиот проект за интеграција, додаде тој.
Според него, вредностите како што се заедничкиот просперитет, суштинската еднаквост, суверената слобода, трајниот мир и стабилната демократија, не се само идеали кои треба да се чуваат, туку треба решително да се обновуваат.
- Судбината на Италија и Европа, како и благосостојбата на идните генерации, зависат од нашата способност да се соочиме со промените на единствен и одговорен начин, истакна Матарела.
Тој додаде дека „развојот на меѓународната ситуација и растечките стратешки и геополитички закани ни наметнуваат императив да не се повлекуваме пред тешкотиите, туку да ги решаваме со нова сила и решителност“.
- Само преку креативни напори, соодветни на опасностите кои ни се закануваат, можеме да го зачуваме идеалот за силна, праведна и мирна Европа, која е темел на надеж за идните генерации, заклучи Матарела во пораката по повод Денот на Европа.