„По добриот разговор со американскиот претседател, се согласивме да се сретнеме во Шкотска во недела за да разговараме за трансатлантските трговски односи и како можеме да ги одржиме силни“, напиша фон дер Лајен на X.
Трамп рече дека шансите се 50-50 или помалку САД да постигнат трговски договор со Европската Унија.
Европската комисија во четврток објави дека е можен договор со САД преку преговори, иако земјите-членки на ЕУ гласаа за одобрување на царини за 93 милијарди евра американска стока доколку разговорите не успеат.
Трамп треба да пристигне во Шкотска вечерва, а Белата куќа претходно соопшти дека нема закажани јавни настани за сабота или недела. Вашингтон ѝ се заканува на ЕУ со дополнителни царини од 30 проценти, а крајниот рок на Трамп за можен договор е 1 август.