Фицо побара одложување на новиот пакет санкции кон Русија заради стравувања поврзани со енергетиката

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фицо побара одложување на новиот пакет санкции кон Русија заради стравувања поврзани со енергетиката

 Словачка нема да поддржи нов пакет санкции на Европската Унија против Русија и ќе побара одложување на гласањето додека не се разгледаат загриженостите на оваа земја за снабдувањето со гас по 2027 година, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, пренесоа британските медиуми.

Фицо го повтори својот став дека плановите за прекин на увозот на руски гас од 2028 година претставуваат закана од недостиг на снабдување и зголемување на цените, како и потенцијални загуби од арбитража поради прекршување на долгорочен договор со рускиот снабдувач Газпром.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата