Средствата се очекува да почнат да се зголемуваат за 0,2 отсто годишно од 2026 година, кога се очекува да достигнат 2,2 отсто од БДП.
Зголемувањето на трошоците за одбрана на три отсто од БДП Фијала првпат го објави во обраќањето до нацијата на 24 февруари, кога истакна дека мерката е неопходна за Чешка да одговори на новите геополитички реалности во светот.
Во тоа време, чешкиот премиер, исто така, ја повика Европа да ги искористи средствата од замрзнатите руски активи за понатамошна воена поддршка на Украина и да ги олесни нејзините фискални правила за да ги зголеми трошоците за одбрана./МИА