ФБИ започна истраги против поранешни директори на ФБИ и ЦИА

9.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФБИ започна истраги против поранешни директори на ФБИ и ЦИА

Според извори на телевизијата, истрагите се однесуваат на наводни прекршувања поврзани со претходни владини истраги за наводна руска интервенција во американските избори во 2016 година, на кои Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон.

ФБИ, ЦИА и Министерството за правда не дадоа коментари за објавата на Фокс Њуз.

Обемот на кривичните истраги против Бренан и Коми не е целосно јасен. Според информациите, Џон Ратклиф, номиниран од Трамп за директор на ЦИА, го посочил Бренан за потенцијално кривично гонење. Истрагите не мора да резултираат со обвиненија, посочуваат американските медиуми.

Бренан не одговорил веднаш на барањето за коментар, додека со Коми не било воспоставен контакт, наведува Фокс Њуз.

Истрагите се насочени кон двајцата поранешни високи функционери, кои долго време го предизвикуваа гневот на Трамп и неговите поддржувачи поради нивната улога во истрагата за руската вмешаност во изборите во 2016 година. Коми го предводеше ФБИ кога почна кривичната истрага за можна координација меѓу кампањата на Трамп и руската Влада. Трамп го отпушти Коми во 2017 година, по што истрагата ја презеде специјалниот обвинител Роберт Милер, кој покрена обвиненија против неколку соработници на Трамп, но не најде докази за криминален заговор меѓу кампањата на Трамп и Русија.

Неодамнешната ревизија на ЦИА утврди недостатоци во изготвувањето на разузнавачката проценка за руската интервенција во 2016 година, но не го оспори заклучокот дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да влијае на изборите во полза на Трамп. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата