Медиумот ги објави резултатите од својата истрага, врз основа на протечени документи на украинската влада и „десетици интервјуа со службеници за набавки и трговци со оружје“.
Во голем број случаи, украинската страна исплатила големи депозити на малку познати компании кои сè уште не го испорачале нарачаното оружје или неговите делови.
Како што се наведува во статијата, Украина до денес има исплатено 770 милиони долари авансни плаќања на странски трговци за оружје и муниција што не се испорачани, се вели во извештајот.