Евакуирани 17.000 луѓе поради шумски пожари во централна Канада

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евакуирани 17.000 луѓе поради шумски пожари во централна Канада

Во услови на глобално затоплување, Канада сè почесто е погодена од екстремни метеоролошки појави, вклучително и пожари во шумските предели во последните години. Во 2023 година, земјата ја доживеа најлошата сезона на пожари во својата историја.

- Ова е најголемата операција за евакуација во Манитоба во поново време, соопшти на прес-конференција премиерот на провинцијата Ваб Киниу осврнувајќи се на вонредната состојба во целиот регион.

Тој додаде дека веднаш ќе биде испратен воен авион за да им помогне на луѓето во најоддалечените области да се евакуираат.

Речиси 200.000 хектари шуми беа зафатени во последниот месец, што е три пати повеќе од вкупната просечна годишна површина во овој регион.

Во моментов во Канада има 134 активни пожари во неколку провинции, вклучувајќи ги Онтарио, Британска Колумбија, Алберта и Саскачеван.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата