-Постигнат е договор со Црвениот крст и украинската страна дека тие ќе бидат евакуирани во Русија преку Белорусија, изјави рускиот омбудсман за човекови права Татјана Москалкова, пренесуваат руските медиуми.
Украинските власти, кои денеска ја одбележуваат третата годишнина од почетокот на руската инвазија, не го коментираа ова прашање, а претходно соопштија дека се за ваква евакуација, доколку Москва го побара тоа.
Украинската армија го нападна рускиот регион Курск во август 2024 година, но и покрај големата руска контраофанзива, сè уште држи неколку стотици квадратни километри, кои Киев се надева дека ќе ги искористи за преговори со Москва.
Русија окупира околу 20 отсто од украинската територија и отфрли каква било размена.
Стотици, ако не и илјадници, руски цивили се проценува дека биле заробени во украинската офанзива во областа Курск. Некои успеаја да стигнат до украинскиот пограничен регион Суми./МИА