Еурактив: Европското јавно обвинителство отвори истрага за проневери на десничарска група поврзана со Ле Пен

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еурактив: Европското јавно обвинителство отвори истрага за проневери на десничарска група поврзана со Ле Пен

Европското јавно обвинителство (ЕППО) денеска отвори формална истрага за наводите дека поранешна крајно десничарска група во Европскиот парламент, во која беше вклучена и француската партија Национален собир, на Марин Ле Пен, проневерила средства од Европската Унија, објави денеска портпаролот на ова обвинителство.

Портпаролот на обвинителството потврди дека ЕППО отворило истрага по медиумските извештаи дека групата „Идентитет и демократија“ (ИД) во ЕП наводно во периодот меѓу 2019 и 3034 година, проневерила над 4,3 милиони евра, средства од фондовите на ЕУ.

Портпаролот одби да даде други детали, наведувајќи ја како причина доверливоста на истрагата.

Еуроактив  наведува дека засега нема конкретно обвинето лице.

Постапката следеше по заклучоците од ревизијата на Европскиот парламент, од кои делови беа објавени на почетокот на јули од францускиот Монд, германскиот Цајт и австрискиот Констрасте.

Ревизијата наводно покажала дека партиите поврзани со групата ИД трошеле нелегално, вклучително и со склучување фиктивни договори за услуги, нелегални процедури за набавки и давање донации за вонпарламентарни активности на групи поврзани со крајно десничарски личности како што е Марин Ле Пен.

Поранешниот генерален секретар на ИД, Филип Клеј, негираше какво било незаконско дело.

-Сите плаќања извршени во последните пет години беа правилно поднесени, фактурирани и контролирани, изјави тој за „Мон“.

Еуроактив наведува дека ЕППО е задолжена за истражување на сериозни прекршоци што ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ и во своите истраги соработува со националните полициски служби.

Групата ИД беше распуштена кратко по последните избори за ЕУ ​​во јуни 2024 година, кога во ЕП беше наследена од групата „Патриоти за Европа“.

Последната истрага врши дополнителен притисок врз судските постапки против Ле Пен и нејзината партија Национален собир.

Во посебен случај претходно оваа година, париски суд ја осуди Ле Пен за проневера на средства од ЕУ и ѝ забрани да се кандидира за јавна функција во следните пет години.

Таа ги отфрли најновите обвинувања како политички мотивирани, објави „Еуроактив“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата