ЕУ со поддршка за продолжување на привремената заштита за над четири милиони украински бегалци

13.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ со поддршка за продолжување на привремената заштита за над четири милиони украински бегалци

Формалната одлука ќе биде донесена на следниот состанок на министрите на ЕУ.

- Додека Русија продолжува да ги тероризира украинските цивили со неселективни воздушни напади, ЕУ продолжува да покажува солидарност со украинскиот народ. Ќе продолжиме да им обезбедуваме заштита на милиони украински бегалци уште една година, изјави полскиот министер за внатрешни работи Томаш Сиемонијак, кој претседава со министерскиот состанок во Луксембург.

Продолжувањето на мерката ќе овозможи повеќе од четири милиони Украинци во ЕУ и натаму да имаат пристап до пазарот на труд, здравствени и образовни услуги. Засега, заштитата важи до март 2026 година, согласно одлуките на ЕУ по започнувањето на руската инвазија пред три години.

Советот на ЕУ најави дека се разгледува премин од статус на привремена заштита кон долгорочен престој или доброволно враќање, доколку условите во Украина тоа го дозволат. Ако ситуацијата на терен се подобри, Европската комисија може да предложи запирање на привремената заштита и пред 2027 година. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата