Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

 Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите за прекин на огнот и траен мир меѓу Русија и Украина, му рекол денеска во телефонски разговор турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот француски колега Емануел Макрон, соопшти кабинетот на Ердоган. 

Тој изјави дека е постигната историска пресвртница на патот кон завршување на војната меѓу Русија и Украина, дека оваа можност треба да се искористи и дека Турција е подготвена да даде секаков придонес, вклучително и организирање преговори, со цел да се обезбеди прекин на огнот и траен мир, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател. 

Ердоган и Макрон разговарале и за билатералните односи на двете земји, како и за голем број регионални и глобални прашања, се наведува во соопштението, пренесува Си-Ен-Ен Турк. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата