„Оние кои предизвикаа таква катастрофа, на кој било начин, и оние кои постапија погрешно, ќе одговараат пред законот“, рече Ердоган по состанокот на владата, јавува Anadolu.
Тој додаде дека во првата фаза се приведени четири лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот во кој се случила катастрофата. Подоцна е објавено дека е зголемен и бројот на апсења на девет.
Ердоган изрази сочувство до семејствата и роднините на загинатите, а на 51 повредено лице им посака брзо закрепнување, од кои едно лице е на интензивна нега, а 17 се пуштени на домашно лекување.
Тој рече дека во гаснењето на пожарот учествувале 156 противпожарни возила и 428 лица од различни институции.
Ердоган рече дека се започнати административни и судски истраги за да се утврди причината за пожарот и кој е одговорен за катастрофата.
Тој додаде дека шест јавни обвинители, двајца граѓански обвинители и четворица инспектори од Министерството за труд заедно со петчлена стручна комисија детално го истражиле инцидентот.
Во пожар што избувна синоќа во хотел во ски-центарот Карталкаја во турската провинција Болу загинаа 76 лица, а 51 лице се повредени.