Ердоган и Путин разговарале за Сирија и Украина- понуден е Истанбул за трета рунда мировни преговори

18.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган и Путин разговарале за Сирија и Украина- понуден е Истанбул за трета рунда мировни преговори

Двајцата лидери разговараа по телефон за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, објави Дирекцијата за комуникации на Република Турција на мрежата X.

Турски цели во Сирија

Ердоган нагласи дека целта на Турција е да обезбеди стабилност и безбедност во Сирија и да ја поддржи нејзината обнова, нагласувајќи дека е важно Израел да не го наруши суверенитетот на Сирија.

Продолжување на мировните напори за Украина

Тој, исто така, ја нагласил важноста од започнување трета рунда разговори меѓу Русија и Украина, додавајќи дека Турција ќе продолжи да биде домаќин на мировните разговори во Истанбул штом страните се договорат за датумите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата