Во интервју за индиската телевизија „Тајмс Нау“, Чандрасекаран рече дека десниот мотор на летот 171 бил нов и инсталиран во март 2025 година, додека левиот мотор последен пат бил сервисиран во 2023 година, објави Ројтерс.
Чандрасекаран им кажа на своите вработени во понеделник дека авионската несреќа од минатата недела, треба да биде поттик за подобрување на безбедноста на компанијата.
На состанокот на 700 вработени во седиштето на авиокомпанијата во близина на Њу Делхи, Чандрасекаран рече дека несреќата е „најтажниот кризен настан“ во неговата кариера.
Боинг 787 Дримлајнер на Ер Индија со 242 патници на пат кон Лондон почнал да губи висина секунди по полетувањето од Ахмедабад, Индија.
Сите патници во авионот освен еден беа прогласени за мртви, а околу 30 лица загинаа на земја.
Извор: Б92