Експлозија разнесе десеткатница во Русија- загинаа шест лица, меѓу кои и дете (ВИДЕО)

25.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експлозија разнесе десеткатница во Русија- загинаа шест лица, меѓу кои и дете (ВИДЕО)

Според Министерството за вонредни ситуации, експлозијата се случила околу 11 часот по локално време некаде на горните четири ката од зградата, кога загинаа најмалку шест лица.

Безбедносните камери го забележале застрашувачкиот момент од експлозијата, на кој се гледаат две мали деца и еден постар маж како за малку избегнуваат смрт. Малото дете си играло со човекот пред зградата, додека друго момче седело на скалите.

Камерите ги забележале момчето и човекот како си фрлаат топка еден кон друг, пред застрашувачка експлозија да ја пробие зградата и да исфрли бетон во сите правци, паѓајќи на местото каде што детето стоело две секунди претходно.

Извор од спасувачката служба изјави дека делумното уривање ги зафатило сите десет ката, додавајќи дека повеќе од 30 станови се оштетени или целосно уништени.

Видеата објавени на каналите на Телеграм потврдуваат дека сите десет ката од зградата се оштетени. Според прелиминарните податоци доставени од Министерството за вонредни ситуации и губернаторот на Саратовската област, Роман Бусаргин, причина за експлозијата најверојатно е истекување на гас.

Регионалниот безбедносен службеник Јуриј Јурин изјави дека меѓу загинатите има и дете. Неколку лица се уште се заробени под урнатините, додека спасувачите работат на местото на настанот.

Обвинителството на Саратовската област соопшти дека истражува причината за експлозијата, додека регионалниот Истражен комитет отвори кривична постапка за кршење на безбедносните прописи.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата