Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари (Видео)

4.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари (Видео)

Експлозијата се случи околу 8 часот наутро по средноевропско време, а над повеќе делови од градот се крена голем облак од густ, црн чад.

Полициски претставници тврдат дека осум полицајци се повредени во спасувачката акција, но никој не е животно загрозен. Тие за државната телевизија РАИ изјавија дека се слушнале неколку експлозии.

Во инцидентот полесно е повреден и еден пожарникар, а полицијата соопшти дека го пребарува подрачјето на експлозијата за да спаси луѓе кои би можеле да бидат заглавени во блиските згради.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата