ЕК спроведува 10 истраги против социјални мрежи поради сомневање за кршење на европското право

21.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕК спроведува 10 истраги против социјални мрежи поради сомневање за кршење на европското право

Ова го соопшти потпретседателката на Европската комисија и еврокомесар за безбедност и демократија, Хена Виркунен, на сослушувањето во Европскиот парламент во Стразбур, посветено на обидите за надворешна интервенција во ЕУ.

Демократијата е загрозена од надворешно мешање, рече Виркунен, наведувајќи примери на Facebook, Instagram и TikTok. Слободните и фер избори се темелот на европската демократија, додаде таа.

Според неа, европското законодавство воведува јасни одговорности за онлајн платформите со потреба од наметнување мерки и промена на алгоритми за надминување на заканите. Ова не е цензура, туку оперативен механизам за отстранување на содржина која е неприфатлива според европското право, која ја штити слободата на изразување, објасни потпретседателот на ЕК.

Виркунен истакна дека комисијата покренала една истрага против „Екс“, три против „ТикТок“, една против „Али експрес“, две против „Мета“ и една против „Тему“. Таа додаде дека во последните денови ЕК побарала од Ex да започне со зачувување на податоците за промени во алгоритмот за препораки за содржина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата