Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

ЕК: Мигрантите кои немаат право на престој, ќе мора да се вратат дома

24 јануари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Оние кои немаат право на престој мора да бидат вратени во нивните земји на потекло. Така го штитиме системот за азил“, рече комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, презентирајќи ја стратегијата.

Јохансон рече дека секоја година земјите-членки носат околу 300 илјади одлуки за враќање, но дека „само 70 илјади луѓе всушност се враќаат во земјите од кои дошле“. „Треба да го зголемиме тоа и тоа го решаваме со оваа стратегија“, изјави Јохансон. Комисијата наведува дека главната цел на стратегијата е да се забрза имплементацијата и да се зголеми вкупниот број на враќања, во согласност со правото на Европската унија и Повелбата за основните права.

Стратегијата опфаќа четири главни области: насочени мерки за итни потреби, вклучувајќи заеднички операции за враќање во трети земји, забрзување на процедурите за враќање, промовирање на советување за враќање и реинтеграција и дигитализирање на управувањето со враќањето.

Координаторката на Европската унија за враќање на мигрантите, Мари Јурич, изјави дека враќањето на мигрантите во нивните земји на потекло треба да биде заедничка одговорност на Унијата. Јохансон и Јурич велат дека ефективен и заеднички систем за враќање на ЕУ, исто така, треба да послужи како пречка за да помогне во намалувањето на небезбедната и илегална миграција.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ