Вооружен инциден пред „Ноќта на вештерките“ во Калифорнија, има мртви и ранети!

31.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вооружен инциден пред „Ноќта на вештерките“ во Калифорнија, има мртви и ранети!

Едно лице загина, а шест други се повредени во пукање во продавница за костими за Ноќта на вештерките, лоцирана во трговски центар во Ферфилд, Калифорнија.

Пукањето се случило во продавницата „Ghost of Halloween“ во трговскиот центар „Solano Town Mall“ во Ферфилд, додека луѓето ги вршеле последните подготовки за популарниот американски празник. Едно лице загинало на самото место, додека шестмина ранети биле итно пренесени во болница.

Тројца од ранетите се во критична состојба и лекарите се борат за нивните животи. Пред продавницата пристигнале голем број полициски возила, а просторот бил блокиран поради истрагата. Засега, полицијата нема објавено опис на осомничениот, ниту пак потврдила дали во пукањето учествувал повеќе од еден напаѓач. Мотивот за нападот е исто така непознат.

Идентитетот и возраста на жртвите сè уште не се објавени. Продавницата била полна со купувачи кога започнало пукањето, поради што преплашените луѓе почнале да бегаат за да си ги спасат животите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата