Егзекутиран е монструозниот „убиец од Твитер“

27.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Егзекутиран е монструозниот „убиец од Твитер“

Тој ги распарчувал телата на своите жртви во својот стан во близина на Токио.

Неговото егзекутирање беше првата егзекуција во Јапонија за речиси три години и се случи во услови на растечки повици за укинување на смртната казна, особено по ослободителната пресуда минатата година за најдолго осудениот на смртна казна во светот, Ива Хакамада.

Твитер убиецот“ беше уапсен во 2017 година откако делови од телата на неговите жртви беа пронајдени во неговиот стан. Во 2020 година, тој ги призна сите девет убиства пред суд во Токио, велејќи дека сè за што беше обвинет е вистина.

Сепак, неговите адвокати тврдеа дека обвиненијата требало да бидат намалени бидејќи „неговите жртви јасно се согласиле тој да ги убие“. Случајот предизвика голем јавен интерес, при што повеќе од 600 луѓе аплицираа за само 13 места во јавната галерија каде што може да се следи рочиштето.

Обвинителството утврди дека обвинетиот отворил Твитер профил во 2017 година за да контактира со жени кои сакале да извршат самоубиство. Тие биле лесни цели за него. Осум од неговите девет жртви биле жени, а една имала само 15 години. Единствениот маж што го убил имал 20 години, а Шираиши го убил затоа што ја барал својата девојка, што довело до конфронтација со убиецот, објавија јапонските медиуми.

Тој ги намамил своите жртви велејќи им дека може да им помогне да умрат, а во некои случаи тврдел дека потоа ќе се самоубие.

„Сакам да им помогнам на луѓето кои страдаат. Пишете ми во секое време“, напишал тој на Твитер.

Убиствата излегоа на виделина кога полицијата барала млада жена која исчезнала и која подоцна се покажала како една од неговите жртви. Полицијата потоа ги пронашла распарчените делови од телото на неговите жртви во неговиот стан во јапонскиот град Зама.

Случајот ја шокираше Јапонија, а кога беше откриен во 2017 година, предизвика голема дебата за онлајн просторите каде што се дискутира за самоубиство. Во тоа време, јапонската влада објави нови регулативи на оваа тема.

Случајот доведе и до промени на Твитер, кој ги промени своите правила, така што корисниците сега мора да изјават при регистрацијата дека нема да охрабруваат или поттикнуваат самоубиство или самоповредување.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата