Еди Рама падна на колена пред Мелони, ѝ испеа песна и ѝ подари шал (ВИДЕО)

15.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еди Рама падна на колена пред Мелони, ѝ испеа песна и ѝ подари шал (ВИДЕО)

Рама, кој е многу повисок од Мелони, клекна на едно колено за да ѝ го подари подарокот и ѝ пееше „танти аугури“ (среќен роденден) додека двајцата лидери присуствуваа на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби. „Лесниот шал е дело на италијански дизајнер кој се преселил во Албанија“, ѝ објасни Рама на Мелони.

Двајцата лидери имаат добри работни односи и покрај нивните спротивставени политички убедувања - Мелони ги предводи десничарските Браќа од Италија, додека Рама е на чело на Албанската социјалистичка партија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата