Двајца тинејџери нападнаа џамија во Сан Диего - петмина мртви

19.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца тинејџери нападнаа џамија во Сан Диего - петмина мртви

Најмалку три лица, вклучувајќи и еден обезбедувач, се убиени во пукотница во џамијата во Исламски центар во Сан Диего, во американската држава Калифорнија, а двајца тинејџери, на возраст од 17 и 19 години, кои беа осомничени за нападот, извршиле самоубиство неколку блока од местото на злосторството, пренесуваат американските медиуми.

„Немаше конкретна закана насочена кон Исламскиот центар во Сан Диего, но властите пронајдоа докази дека осомничените користеле говор на омраза“, рече началникот на полицијата во Сан Диего, Скот Вол, но одби да даде дополнителни детали, според АП.

Пред нападот, полицајците веќе бараа еден од тинејџерите, бидејќи неговата мајка се јавила во полицијата загрижена дека нејзиниот син има самоубиствени намери.

Додека полицајците продолжувале да ја испрашуваат мајката за тоа каде би можеле да бидат тинејџерите, стигнале извештаи за пукање во џамијата. Меѓу убиените бил и чувар на џамијата, за кого полицијата верува дека одиграл клучна улога во спречувањето на напаѓачите да извршат многу полошо злосторство.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата