Овој пат, тие беа шокирани откако го скенираа багажот на неименувана Украинка (38) и ги видоа контурите на автоматска пушка!
Пристигна од Молдавија
Украинката веднаш беше одвоена и била наредена детална проверка на куферот на патничката која пристигна со авион од Молдавија, објавува Билд.
Кога ја прашаа дали станува збор за вистинско оружје, следеше неочекуван пресврт! Жената објасни дека станува збор за играчка што ја купила за својот син.
И навистина, проверката идентификуваше релативно безопасна воздушна пушка, изработена во стилот на рускиот „Калашников“.
Продолжи патувањето со предупредување
„Ова беше специфична ситуација и на прв поглед не можевме да ја препознаеме играчката“, коментираа цариниците.
Бидејќи овие пушки не подлежат на Законот за оружје, Украинката го продолжи своето патување. Цариниците ја предупредиле дека можела да западне во неволја бидејќи играчката не била веднаш препознаена.