Доставувач на хуманитарна помош уби двајца Израелци на границата со Јордан (ВИДЕО)

18.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доставувач на хуманитарна помош уби двајца Израелци на границата со Јордан (ВИДЕО)

Ниту една група веднаш не ја презеде одговорноста за „терористичкиот напад“, како што го опиша Израел. Нападот се случил на единствениот влез што го користат Палестинците за да влезат во Јордан од Западниот Брег, област под израелска окупација, објави Би-Би-Си.

„Возачот обвинет за операцијата е Абдул Муталиб ал-Каиси, роден во 1968 година. Тој е цивил кој почнал да работи како доставувач на помош во Газа пред три месеци“, објави јорданското Министерство за надворешни работи.

Израелските служби за итни случаи соопштија дека двајца Израелци, кои не се именувани, им подлегнале на повредите, додека напаѓачот бил убиен од безбедносните сили. Јордан го осуди нападот и најави дека ќе биде покрената истрага, нагласувајќи дека нападот може да ја загрози неговата хуманитарна улога во Газа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата