Деветмина загинати во руски напад врз цивилен автобус во Украина

17. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деветмина загинати во руски напад врз цивилен автобус во Украина

Според локалните власти уште 10-ина се повредени, а целото возило е буквално уништено. комбето се движело кон Суми, регионалниот главен град кога според локалните украински власти бил погоден со руски дрон Лансет околу 6 часот изутрината..

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на социјалните мрежи соопшти дека цело семејство загинало во нападот.

Москва, пак, уверува дека руските сили со дронови нападнале зона за собирање украинска воена опрема во регионот Суми негирајќи дека се напаѓаат цивилни цели.

Нападот се случи само неколку часа по преговорите меѓу Руската и Украинската страна во Истамбул. Во изјава за фокс њуз Американскиот претседател Трамп сепак смета дека за да се дојде до траен мир ќе треба да има средби и преговори на повисоко ниво а ќе биде потребно и тој да се сретне со Путин за да се постигне напредок во ставањето крај на најдолгиот конфликт во Европа од Втората светска војна.

- Путин е уморен од оваа работа и не изгледа добро а сака да изгледа добро. Не заборавајте, ова требаше да заврши за една недела и да не се заглавеше во калта со своите тенкови, ќе беше во Киев за околу пет часа, вели Трамп.

По преговорите во Истамбул , руската и украинската делегација единствено се договорија за размена на по 1.000 воени заробеници, како и дека треба повторно да се сретнат. Ројтерс денеска објави дека двете клучни барања на Русија за прекин на огнот, биле целосно повлекување на украинските трупи од окупираните региони, како и нивно признавање за руски територии.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата