Деветмесечно бебе почина во автомобил- мајката заборавила да го однесе во градинка

14.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деветмесечно бебе почина во автомобил- мајката заборавила да го однесе во градинка

Била повикана брза помош и бебето било пренесено во болница. Лекарите безуспешно се обидувале да го вратат во живот.

Според досегашните информации, бебето било заборавено во автомобилот од мајката. Жената го ставила бебето во автомобил и отишла на работа, заборавајќи да го остави во дневната градинка, која е веднаш до нејзиното работно место. Автомобилот останал на истото место до попладневните часови.

Кога завршила со работа, по работното време отишла да си го земе детето, но кога видела дека не е во дневен престој, сфатила што се случило.

Известена е полиција и се очекува апсење на мајката.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата