Дете падна од вртелешка во забавен парк (Вознемирувачко видео)

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дете падна од вртелешка во забавен парк (Вознемирувачко видео)

Момчето отишло да се провози со рингишпилот Pendulum 360 кога се случил хоророт. Вртелешката направи полн круг и ја забави брзината на врвот, оставајќи ги патниците да висат наопаку, што е дел од самата атракција, објави Dailymail.

Меѓутоа, кога гондолата почнала да се спушта, детето очигледно се лизнало од седиштето и било видено како виси и се фаќа за шипката, додека рингишпилот продолжил да се врти.

Вознемирувачката сцена ја снимил посетител на паркот Јатим во Бату (Индонезија) на 8 април оваа година. Момчето завршило паѓајќи од висина од околу два метра. Веднаш бил пренесен во болница каде било констатирано дека има две скршеници на десната рака и скршеница на десната нога.

Полицијата нареди привремено да се прекине возењето со вртелешката Pendulum 360. Атракцијата, која се наоѓа во Јатим Парк 1, се рекламира како возење со „адреналин“ што им овозможува на патниците „да почувствуваат како е да се вртат 360 степени“.

Момчето било во посета на забавен парк со тројца пријатели кога се случила несреќата околу 16 часот. Руди Кусвојо, началник на полициската единица за криминал во Бату, рече дека пред да започнат со возењето, работниците ги извршиле сите задолжителни безбедносни проверки, вклучително и проверки на појасот, и дека тие функционирале правилно во тој момент.

Руди потврди дека безбедносниот појас на седиштето број 5 бил проверен пред ненадејно да откаже. Истрагата за причините за инцидентот се уште е во тек. Момчето е згрижено во болница и моментално се опоравува.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата