Главните забелешки на патриотите на работата на Еврокомисијата се однесуваат пред се, на трговскиот договор со соединетите држави, кој сметаат дека рпетставува капитулација на европската унија пред Америка. На комисијата со иницијативата и се припишува и „неспособност и неподготвеност“ за справување со социјалните и климатските кризи и „ослабување или напуштање на основните елементи на зелениот договор“. Сега службите на Европскиот Парламент треба да ја проверат веродостојноста на потписите на иницијативите, по што ако утврдат дека предлозите ги исполнуваат барањата ќе ги достават до претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола, која е должна да свика пленарна седница по барањата. Се очекува целата постапка и евентуалните расправи во европарламентот да се одржат во октомври.