Десетици загинати и над 100 повредени во бар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана

1.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Десетици загинати и над 100 повредени во бар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана

„Слушнавме луѓе како врескаат и мислевме дека тоа е дел од новогодишната прослава. Потоа видовме чад и луѓе како викаат. Потоа видовме како доаѓаат и амбулнатни возила, полиција и сите останати.“ – сведочи еден од локалните жители за драматичните момент доцна синоќа.... 

Според неофицијални инфомации од тамошните медиуми пожарот настанал како последица на пиротехнички средства, но оваа информација останува не потврдена од швајцарските власти.  Дел од медиумите објавија и сведоштва на луѓе кои биле дел од забавата во барот кои тврдат дека и покрај забраната имало многу огномет, а забележале и пиротехнички средства. Според тврдењата на сведоци, дел од медиумите обајвија и дека пиротехнички направи биле поставени на шишиња со пијалаци и дека тие го предизвикале пожарот... 

Она што засега е официјално од полицијата и обвинителството е дека е  исклучена можноста за тероризам. Иако според првичните информации  беше соопштено дека пожарот е резултат на претходна експлозија во барот, сепак сега, се остава простор истрагата да покаже која била точната причина за несреќата.

„Навистина сме потресени од она што се случи синоќа. Во име на полицијата изразувам најдлабоко сочувство до жртвите и семејствата на повредените во трагедијата.и ги уверувам дека ќе ја имаат сета наша поддршка во овие исклучително драматични и тешки моменти.“- Фредерик Гислер, командант на кантоналната полиција на Вале

Главната обвинителка на кантонот Вале, во обраќањето до јавноста посочи дека е отворена истрага за целосно расчистување на околностите кои довеле до страотниот пожар.   

„Отворена е истрага за пожарот, се утврдуваат причините. Значајни ресурси се ставени на располагање. Во ниту еден момент не станува збор за некаков напад. Поради почит кон семејствата на жртвите во моментов не може да се споделат повеќе детали.“- Беатрис Пилу – главна обивнителка на кантонот Вале

Најблиските болници се полни со повредени. Во тек е и идентификација на жртви, кој според властите е исклучеително тежок и сложен процес, а меѓу настраданите и повредените имало и странски државјани. За семејствата на повередените и загинатите има отворена и специјална телефонска линија за сите инфроамции кои им се потребни.

Дополнително голем број членови од семејствата на исчезнатите, според тамошните медиуми, се упатиле кон Кран Монтана каде властите поставиле и приемен центар, каде ќе може да добиваат инфомации за своите најблиски.    

 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата