Бабиш: Неодговорни се политичарите кои нè плашат со неизбежна војна за неколку години

1.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бабиш: Неодговорни се политичарите кои нè плашат со неизбежна војна за неколку години

Новиот чешки премиер, милијардерот Андреј Бабиш, денеска во новогодишното обраќање ги обвини политичарите кои предупредуваат дека постои реална опасност Русија да предизвика војна во Европа, дека се неодговорни бидејќи не треба да го плашат народот со војна, туку нивна должност е да ја завршат војната.

- Наместо да трагаме по патишта кои водат кон смирување, сè почесто слушаме приказни за тоа дека војната е неизбежна, дека ќе избие за две или три години. Тоа не е одговорна политика. Политичарите не треба да плашат со војна, нивна одговорност е војните да завршат. Војната е привлечна само за оние кои никогаш не ја доживеале, рече Бабиш во обраќање на социјалните мрежи.

Бабиш ги критикуваше политичарите кои за војната зборуваат како за некоја апстрактна игра, а не дека станува збор за животи, разорени семејства и изгубена иднина.

- Ја одбивам тезата дека мирот е слабост. Праведен и одржлив мир е обврска кон нашите деца и нивната иднина, рече Бабиш.

Новиот чешки премиер изрази желба 2026 година да биде година на мирот и рече дека верува оти таква и ќе биде. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата