Десетици туристи се убиени во Кашмир- терористи запукале на планински врв

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Десетици туристи се убиени во Кашмир- терористи запукале на планински врв

Нападот се случил во Пахалгам, популарна туристичка дестинација во област со мнозинско муслиманско население, објави Dailymail.

Според првичните информации, туристите планинареле до врвот на планината Баисаран во Пахалгам. Ова е еден од најлошите напади врз цивили во Кашмир во последниве години.

Полицијата соопшти дека нападот се случил во 14 часот и 30 минути, кога двајца до тројца вооружени терористи пристигнале во униформи и по случаен избор отвориле оган врз туристите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата