Десетици повредени во Бахреин по ирански напад со дронови

9.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Десетици повредени во Бахреин по ирански напад со дронови

Сите повредени се државјани на Бахреин, прецизира Министерството во изјава пренесена од државната новинска агенција.

Меѓу повредените има и деца, а четворица се во тешка состојба.

Министерството за внатрешни работи на Бахреин претходно објави на платформата Икс дека неколку згради на Ситра биле оштетени во нападот.

Вчера Министерството соопшти дека „иранската агресија неселективно напаѓа цивилни цели и предизвика материјална штета на постројка за десалинизација на вода по напад со дронови“.

Во изминатата недела Иран изврши напади на повеќе места на Блискиот Исток како одговор на воздушните напади на САД и Израел врз иранска територија.

Цел на иранските напади биле и американски воени бази, но и цивилни објекти како аеродроми и станбени згради.

Ирански напади се пријавени во околу десет арапски земји, при што државите од Персискиот Залив – вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Катар – пријавуваат особено голем број инциденти.

Според Ројтерс, густ чад се издига над главната нафтена рафинерија во Бахреин – Бапко, која е клучен објект во енергетскиот сектор на земјата. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата